(ВИДЕО) Инцидент на аеродром во Лондон, патници во паника скокаат од авион


Осум лица се полесно повредени во паника што настана кога авион на авиокомпанијата „Лауда моушн“ мораше да го прекине полетувањето од аеродромот „Станстед“ во Лондон поради проблеми со моторот.

Авионот требало да полета за Виена и почнал да забрзува, и во тој момент откажал еден од моторите, а патниците забележале пожар и искри кои излегувале од него.

„Посадата повика на евакуација“, рече еден од патниците на авионот.

Настана паника и многу луѓе се повредија за време на евакуацијата.

„Слушнавме тресок и видовме нешто што изгледаше како експлозија. Откако се евакуиравме, стоевме на пистата и сите бевме во паника“, рече друг патник.

Авиокомпанијата соопшти дека екипажот одлучил да го откаже полетувањето поради проблеми со моторот и да ги евакуира патниците на пистата поради мерки на претпазливост.

На аеродромот воздушниот сообраќај бил во прекин речиси три часа, а летовите биле пренасочени кон други аеродроми.