(ВИДЕО) Инвазија на поларни мечки на руски остров


Руските власти за животна средина распоредија тим од специјалисти во оддалечен арктички регион да успијат и да префрлат десетици гладни поларни мечки кои ги опседнаа луѓето што живеат таму. Овој потег уследи откако претставници на архипелагот Новаја Земја, со население од околу 3.000 луѓе, апелираше за помош.

„Никогаш немало таква масовна инвазија на поларните мечки“, изјави Жиганша Мусин, шеф на локалната администрација. „Тие буквално ги бркаат луѓето“.

Александар Минаев, заменик-шефот на регионот, додаде: „Луѓето се исплашени и се плашат да ги напуштат своите домови. Родителите не сакаат да им дозволат на своите деца да одат на училиште“. Во регионот е прогласена вонредна состојба.
Други снимки покажуваат дека поларните мечки се хранат со ѓубре на локална депонија. Обидите да се одвратат од поларните мечки со помош на автомобилски сирени и кучиња се неуспешни, објави новинската агенција ТАСС.

Русија ги клаисифицира поларните мечки како загрозени видови и пукање во нив е забрането со закон. Официјалните претставници предупредуваат дека, сепак, можеби ќе биде неопходно да се направи тоа за да се осигури безбедноста на локалното население, ако не успеат обидите да се отстранат животните.