(ВИДЕО) „Жолтите елеци“ го истурија бесот врз скапите автомобили


Бесот во врска со цените на горивото, како и другите мерки од страна на француската влада, доведе до тоа некои демонстранти својот бес да го насочат кон скапи автомобили на улиците на Париз.

Искршени излози, ограбени продавници и запалени возила се само некои од негативните последици од демонстрациите на „жолтите елеци“.

На интернет се појавија видеа на кои се гледа како група на луѓе уништуваат „порше 911 кабрио“, како гори скап „мерцедес АМГ ГТС“

Уште едно видео го прикажува вандалското однесување кон „реинџ ровер спорт“ од постара генерација со дипломатски таблички.

Но не само скапите автомобили се мета на демонстрантите. Медиумите известуваат дека за време на протестите биле оштетени или запалени и многу „обични“ возила кои се нашле на патот на демонстрантите.