(Видео) Елен Деџенерис подари милион долари на семејство, погледнете ја нивната реакција


Елен Деџенерис во нејзината емисија „Елен“ најави дека има големо изненадување за едно шестчлено семејство кое јавноста имаше можност да го запознае во ноември лани.

Тогаш нејзините фанови Кристи Даниелс и Роберт Даниелс освоија илјадници долари во подароци.

Семејството Данеил живее во мала куќа која има две соби и нивните четири деца делеа една соба. Иако, на семејството му беше тешко да живее во такви скудни услови, сепак беа среќни.

Живееја од плата до плата, а секогаш подготвени да помогнат на другите. Затоа, Елен одлучи да направи нешто за нив.

„Овде сме за да направиме нешто големо, нешто што никогаш претходо не сме направиле за едно семејство. Длабоко вдишете. Пред се сакам да ви подарам 500.000 долари, тоа е вистинското нешто. Втора работа е што комапнијата Cheerios ви подарува уште 500 илјади за да ги поделите со луѓето кои имаат потреба“, рече Елен и ги одушеви сите присутни во студиото.

Со овие пари семејството Даниелс може да купи куќа и да плати колеџ за нивните синови.