(ВИДЕО) Експлозија во Скадар: Седум лица се повредени


Најмалку седум лица се ренети денеска при експлозија на бомба во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула.

Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот Кула.

Бомбата била поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред зграда во која се наоѓаат канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија.

Во време на експлозиајта на местото се затекнала екипа на Радиотелевизија Црна Гора, при што е повредена и една од вработените во медиумот. Таа минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош била отпуштена од болница.