(ВИДЕО) Доналд Трамп не знае да затвори чадор?


Дали американскиот претседател Доналд Трамп знае како се затвора чадор, е прашањето што денеска го поставуваат сите светски медиуми, но и корисниците на социјалните мрежи.

Трамп беше снимен како се качува по скалите на претседателскиот авион, држејќи чадор во рака, но кога стигна до вратата, се помисли, не го затвори и само го остави да стои пред влезот на авионот.

Отворениот чадор остана да се тркала на ветрот, а корисниците на социјалните мрежи го искористија овој гаф како уште една тема за шеги насочени кон американскиот претседател.