(ВИДЕО) Гори Националниот парк „Галичица“


Рано утрово избувна пожар во Националниот парк „Галичица“, над охридската населба „Бараки“, јавува Охридпрес.

– Станува збор за запалени шумски растенија и дрвја. Причините за избувнувањето на пожарот до овој момент не се познати, информираат од охридската противпожарна единица, од каде додаваат дека интервенирале со едно возило.

На лице место се и екипи од Националниот парк „Галичица“, кои се упатени кон местото на кое е пожарот.