(ВИДЕО) Во Хрватска уловена ајкула долга осум метри


Еден хрватски риболовец од Пиранскиот Залив, Истра, со својата мрежа фати ајкула долга околу осум метри.

Како што вели тој, најверојатно се работи за ајкула планктонец, односно вид ајкула што се храни со планктони.

Рибарот успеал да ја извлече ајкулата од морето со помош на уште двајца колеги.

Ајкулата тежи малку под два тона и е долга осум метри. Рибарите подоцна ја пуштиле назад во морето надевајќи се дека ќе преживее.

Видеото можете да го погледнете на следниов линк.