(ВИДЕО) Вака во Србија се слави Божик: „Мамо, те молам“


Традиционално големиот верски празник Божик се слави во кругот на семејството, но ова српско семејство реши Божик да го прослави на малку поразличен начин.

На снимката се гледа младо момче кое на своите сонародници им го честита големиот празник, но потоа ѝ се обраќа на својата мајка.

„Браќа Срби и сестри Србинки, нека ви е среќен Бадник и утрешниот Божик“, вели момчето на снимката, а потоа додава: „Мамо, те молам“.

Мајката потоа го подига пиштолот и испукува три куршуми низ отворениот прозорец.

Видеоснимката набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а многумина си ја праќаат наместо класична божиќна честитка.