(Видео) Божикната елка пристигна во Бакингемската палата


Англија– Во кралски стил, од имотот на Виндзор пристигна божикната елка во Бакимгенската палата во Лондон.

Со кралски симболи, многу лампиони е накитен влезот во Палатата, а елката е сместена во Марбел хол.

Веќе почнаа споредбите со божикната елка и божикното украсување во Белата куќа во Вашингтон, кое благодарејќи на првата дама на САД Меланија Трамп блесна во црвени тонови, со доза на патриотизам.