(ВИДЕО) Антониа со романтичен спот за победничката песна


Младата пејачка Антониа Гиговска годинава ќе ја памети како една од најдобрите за неа. По учеството на меѓународниот фестивал во Брешов, Романија, каде го освои второто место, таа пред неколку дена во свои раце ја однесе и победата на 33. издание на „Макфест“.

„Никогаш не вели никогаш“ беше песната која ги освои највисоките бодови од стручната жирикомисија, како и публиката во Штип.

Како и на претходните, така и на оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, кои важат за едни од најголемите хитмејкери во нашата земја.

– Уште кога за првпат ја слушнав песната знаев дека е за на „Макфест“ и бев убедена дека ќе освои награда. Лазе и Магдалена уште еднаш си ја завршија својата работа како што треба и навистина сум пресреќна. Оваа 2018. година ќе ја паметам само по убави работи – вели Антониа.

Инаку за победничката песна беше снимен и видеоспот, каде покрај Антониа се појавува и моделот Павле Николов, а режисер на истиот е веќе докажаниот Даниел Јовески.