(Видео) Бајрам го фали Заев: Се гледа дека се залагате за народот


Откако пратеникот Амди Бајрам на денешната седница во македонското Собрание посветена на пратенички прашања доби одговор од премиерот Зоран Заев, тој не штедеше пофални зборови за македонскиот премиер.

„Првпат еден премиер ми одговорил како што треба на пратеничките прашања, се гледа дека вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секого“, рече пратеникот Амди Бајрам, од собраниската говорница.

Инаку Амди Бајрам до скоро беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а по локалните избори стана независен пратеник.

Еве што зборуваше Амди Бајрам за време на кампањата за парламентарните избори во 2014 година.