(ВИДЕО) Александар Принц со нова песна како најава за новиот албум
По пауза од подолго време на сцената повторно се враќа на македонската музичка сцена Александар Ристовски – Принц со нова песна и видеоспот со наслов „Шарена банана“.
Се работи за лично негово музичко остварување, но во соработка со младата и атрактивна пејачка Кали.
– Инспирацијата за оваа песна ми дојде во продавница, гледајќи ги шарените банани тргнати на страна. Обично тие банани се најблаги и вкусни за јадење, но децата не ги сакаат. И така ми дојде идеја да ја персонифицирам обесправената слатка банана, па само ја поврзав приказната со девојка – вели Принц.
За новата тема Принц сними и видеоспот, на кој се потпишува и како режисер, а во видеото покрај него и Кали, се појавуваат и Александар Ванчовски – Џигер на тапани, Јане Тодоровски на бас и Петар Лукиќ на клавијатура.
Со премиерата на синглот се најавува новиот албум кој наскоро ќе биде достапен за превземање од најголемите светски платформи како „Apple iTunes“, „Google Play“ и „Spotify“.