(ВИДЕО) Албанецот Ермал Мета ќе ја претставува Италија на „Евровизија“


Победници на 68. издание на музичкиот фестивал во Санремо се Ермал Мета и Фабрицио Моро со песната „Non mi avete fatto niente“.

Албанецот Ермал Мета заедно со совјот италијански колега годинава во Лисабон, Португалија ќе ја претставува Италија на најпознатиот фестивал за поп-музика „Евровизија“.

Тие ја освоија круната и традиционалниот „леончино” – малиот златен лав што се доделува на победникот на „Сан Ремо“.