(ВИДЕО) Активисти протестираа легнати на улица: Живот и за животните


Голем број активисти со своите кучиња денеска легнаа на улицата пред Агенцијата за храна и ветеринарство во знак на револт против неправдите што им се нанесуваат на животните, но и молкот на институциите што се надлежни да реагираат. Се истураше бела и црвена боја.

„Белата боја го симболизира отровот што секојдневно е расфрлан низ градовите на Македонија и бараме од АХВ да има забрана за отровите, а црвената боја е крвта што секојдневно ја гледаме од улиците од изгазени животни“, изјави Тања Кантурска, активист.

Приказната ја пренесува ТВ 21.