(ВИДЕО) Авион ја промаши пистата и слета во море


Патнички авион ја промашил пистата и слетал во лагуна до меѓународниот аеродром Чук во Микронезија , соопштија официјалните претставници на аеродромот. Само чудо ги спасило 35-те патници и 12 членови на екипажот на авионот на Ер Ниугини од Папуа Нова Гвинеја. Никој од патниците и екипажот на авионот не е сериозно повреден.

„Авионот слета во лагуна, 160 метри од пистата. Засега не знаеме како се случило ова, и ќе поведеме истрага“, изјави шефот на аеродромот во Микронезија.

Причината за несреќата не е позната, а властите наскоро ќе покренат формална истрага.

Авионот се урна за време на краткото запирање на островот Вено на пат од островот Понпеи во Микронезија кон Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.