(ВИДЕО)Фримен и Динклиџ со епска рап битка во реклама за „Супер боул“
За Американците и фановите на американскиот фудбал, финалето на Националната фудбалска лига на САД е спектакуларен настан и токму затоа како се приближува недела, растат интересот и возбудата за „Субер боул“.
Познато е дека компаниите одвојуваат милиони долари за реклама да се емитува на натпреварот, а во таа насока на интернет веќе се појавија две видеа од „Doritos“ кој ги здружи силите со „Mountain Dew“ за снимањето на клипови, со одличните Питер Динклиџ и Морган Фримен, кои се соочуваат еден против друг во епска раперска битка.
За потребите на рекламата, беа ангажирани и музичарите Миси Елиот и Баста Рајмс, кои ги учат двајцата за уметноста на рапувањето.
Финалето на „Супер Боул“ 2018 ќе се одржи на 4 февруари во недела, кога на стадионот во Минеаполис ќе се соочат тимовите на „New England Patriots“ и „Philadelphia Eagles“.