Видеоснимка од настапот на Теодоракис со Македонската филхармонија во 1997 година


Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис пред 21 година настапи заедно со Македонската филхармонија во Скопје.

Неговото најпознато дело „Гркот Зорба“ во 1997 година беше изведено во тогашниот Македонски народен театар, денешна Македонска опера и балет.

На концертот на кој учествуваше Македонската филхармонија, присуствуваше и тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров и целокупниот државен врв на Македонија.

Настанот беше пренесуван во живо од националните телевизии на Македонија и Грција. Дел од тој концерт и денеска е достапен на музичкиот канал Јутјуб: