(ВИДЕО)Се урнал подиум за танц во Шпанија, повредени 40 гости


Вкупно 40 лица се повредени на островот Тенерифе, откако се урна подиумот за танц во ноќен клуб. При уривањето гостите во ноќниот клуб паднале во дупката.

Како што јавија локалните медиуми, при уривањето  се отворила дупка со големина околу четири квадратни метри, при што две лица претрпеле тешки телесни повреди.Покрај Шпанци, меѓу повредените има  и двајца Французи, една девојка од Белгија и маж од Романија.