(ВИДЕО)Кривична пријава за струмичанецот што влечеше куче врзано за автомобил


Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 61-годишниот К.З. од Струмица за сторено кривично дело „мачење животни“.

К.З. на 26 ноември годинава со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал го влечел животното од село Борисово до продавнца во село Мокриево.