(ВИДЕО)Инспекција во гевгелиската градинка по вознемирувачката снимка на социјалните мрежи


На социјалните мрежи се појави видео од детска градинка во Гевгелија, на која се слуша бебешки плач. Јолијана Ортаковска која го сподели видеото напиша дека бебето плачело два часа, а од внатрешноста на градинката се слушале погрдни зборови како: „Кучка една, краво една“.
Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи од немилиот настан во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.
„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата, веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај“, информираат од министерството.