Ветер со брзина од 90 километри на час во Скопје


Во Скопје вечерва дува ветер со брзина од 90 километри на час. Засега не се пријавени материјални штети.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА информираат дека нестабилното време со дожд и грмежи се движи од северозапад кон Пелагонија и Прилеп.