Венецуела ја девалвира валутата за речиси 100 проценти


Централната банка на Венецуела објави објави девалвација на националната валута со над 99 отсто во однос на официјалниот девизен курс. Тоа се случува неколку дена откако Меѓународниот монетарен фонд прогнозираше инфлација од 13.000 проценти во Венецуела во 2018 година.

Централната банка соопшти дека првата аукција на новиот систем на ДИКОМ донела девизен курс од околу 31.000 боливари за евро, односно околу 25.000 боливари за еден долар. Тоа е девалвација од 86,6 отсто спрема претходниот курс во ДИКОМ и 99,6 проценти спрема субвенционираниот курс од 10 боливари за долар, кој беше откажан минатата седмица.

На црниот пазар девизниот курс е многу поинаков – околу 228.000 боливари за долар.