Велигденски концерт на КУД „Рацин“ во Кичево


Културно уметничкото друштво „Рацин“ ќе одржи велигденски концерт на 9 април, понеделник во Центарот за култура во Кичево.

„Повелете,заедно со македонско оро и македонска песна да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден“, повикуваат од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево.

Концертот ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 100 денари.