Велешанец повреден во сообраќајка


Шеесетгодишен велешанец е повреден денеска во сообраќајка во центарот на Велес.

Сообраќајната незгода, како што информираат од СВР Велес, се случила денеска во 12:30 часот на ул.„8ми Септември“ во центарот на Велес кога патнички автомобил марка „Фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки управуван од 66-годишниот С.Т. удрил во пешакот – шеесетгодишниот М.К. од Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, повредениот бил пренесен во велешката Општа болница каде по укажаната медицинска помош е задржан на обсервација.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА информираа дека повредениот е без сериозни повреди, но за секој случај лекарот кој го прегледал согласно медицинските правила одредил опсервација на пациентот и тој е задржан во болницата.