„Вашингтон пост“ со празна страница
Весникот „Вашингтон пост“ објави денеска празна страница во знак на солидарност со својот новинар и писател од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, кој исчезна за време на посетата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
На празната страница објавена во американскиот весник пишува само „исчезнат глас“.
Управниот одбор на весникот го повика саудискиот принц Мохамед Бин Салман да гарантира дека Кашоги „е слободен и во можност да ја продолжи својата работа“.
Кашоги живее во егзил во САД и пишуваше текстови во кои го критикуваше саудискиот принц. Тој исчезна во вторникот за време на посета на Конзулатот, од кој наведуваат дека ја напуштил зградата што е спротивно на тврдењата на турските официјални лица дека Кашоги и понатаму се наоѓа во тој објект.