Васко Ковачевски e нов директор на РЕК Битола


Управниот одбор на АД „Електрани на Македонија” го назначи Васко Ковачевски за директор на РЕК-Битола, соопштија од енергетската компанија.

„Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК-Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р.Македонија во периодот што следува“, велат од АД ЕЛЕМ