Василичарскиот концерт на МОБ со ретро рок и поп-хитови


Македонската опера и балет и оваа година ќе гоорганизира традиционалниот концерт за Василица.Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на12-ти и на 13 јануари од 20 часот.Предвидено е да трае два и пол часа во кои публикатаво МОБ ќе слуша рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години. Влезниците се продаваат по цена од 800денари.Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќебиде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика наКамиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќеима две изведби на балетот „Оревокршачка“ одЧајковски.

На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.