Вардар по втор пат го совлада европскиот шампион Монпеље


Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа оваа сезона над бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, тимот на Монпеље.

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци силно го отворија мечот и многу рано направија осетна предност од 7:1. Во првото полувреме домаќините во пет наврати имаа седум голови предност за на одмор да се отиде со „скромни“ 16:13.

Гостите од Франција на почетокот на второто полувреме трипати дојдоа на минус еден, но не успеаја да направат целосен резултатски пресврт, а пота Вардар ја презема иницијативата и со сигурна игра до крајот стигна до убедлив триумф.

Вардар ја завршува групната фаза на третото место, додека за Монпеље настапите во ЛШ се завршени.

Резултати на натпреварите од последното, 14.коло во А-групата од Лигата на шампионите:
Барселона – Рајн-Некар 30:25
Мешков Брест – Кристијанштад 32:23
Вардар – Монпеље 33:27
Киелце – Веспрем 35:36.

Конечна табела: Барселона 24 бода, Веспрем 20, Вардар 19, Киелце 14, Рајн-Некар 14, Мешков Брест 9, Монпеље 7, Кристијанштад 5.