Циндриќ и Душебаев немоќни во Скопје, Вардар е Вардар


Македонскиот ракометен шампион Вардар минимално го победи тимот на Келце со 28-27 во последниот меч од Лигата на шампионите за оваа година. Со двата бода изби на второто место на табелата, пред Келце и зад водечката Барселона.

Почеток на натпреварот беше израмнет, но Вардар полека почна да ја презема контролата, а во 17 минута веќе водеше со 9-5. Двајца играчи на Вардар го држеа ритамот на натпреварот. Сташ Скубе на почетокот на натпреварот постигна важни голови, потоа Криштопанс ја презема одговорноста. Едниот ја користеше својата брзина, другиот висината, но разликата се правеше главно по одбраните на Милосављев. Неколку од нив беа чисти зицери и тоа ги спречи Полјаците да влезат во ритам. Место тоа, до крајот на мечот бркаа негатива, а тоа во Скопје пред преполна сала е тешка задача и за посилни екипи од нив.