Ван Дајк бил близу смртта во 2012 година


 Холанѓанецот Вирџил ван Дијк се смета за еден од најдобрите централни дефанзивци во светот. Откако се приклучи од Саутемптон кон Ливерпул за 75 милиони фунти на почетокот на годината, тој е и најскапиот дефанизец.
Меѓутоа, и тој, како многу негови колеги кои стигнале до врвот, имал непријатни ситуации во животот. Една таква, му се случува во 2012 година, поради проблеми со слепото црево.
Тогаш се уште игра за холандскиот Гронинген. И покрај болките во стомакот на играчот, лекарите во клубот не наоѓаат вистинска причина за тоа. Ван Дајк останува дома неколку дена, но болката не се намалува. Тој оди во локална болница, но оттаму не може да дадат јасна дијагноза.

Неговата мајка сепак го носи во болница кај познати лекари, кои воспоставуваат прснато слепо црево, перитонитис и засегнати бубрези. Играчот е веднаш подложен на операција која го вади од терен околу 2 месеци

– Се уште ја чувствувам оваа болка во стомакот. Телото ми беше уништено. Во тие моменти, сите најлоши сценарија ми се вртеа во глава. Животот ми беше во голем ризик, изјави Ван Дајк .