Ванда: Телефонот ми е секогаш вклучен, кога ќе реши Интер нека ми се јави


Ванда Нара, сопругата и агентот на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, рече дека капитенот на „неро-азурите“ е подготвен да го продолжи договорот со клубот.

– Кога клубот одлучи дека дојде вистинскиот момент нека ни се јави. Ќе одговориме и ќе седнеме за да преговараме со нив. Постои реална шанса тој да остане во Интер уште долго. Кога ќе се одржи средбата? Добив позитивни сигнали, па се надевам дека ова може да биде важна недела. Мојот телефон е вклучен, може да ме бараат кога ќе решат, изјави Ванда.

Условите кои ги постави таа, за неговиот сопруг да го продолжи договорот, се 7,5 милиони евра годишна плата без вклучени бонуси.

Сегашниот договор на Икарди со Интер е со важност до 30 јуни 2021 година.