Валенсија не се плаши од Јувентус и Роналдо


Тренерот на Валенсија, Марселињо изјави дека неговиот тим не се плаши од Јувентус, без оглед што оваа сезона во составот ќе го имаат најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо.

– Јувентус е најдобар тим во Италија. Резултатите сами зборуваат за овој клуб. Тие лесно можат да победат секого во Серија А. Се разбира, Јувентус” е меѓу кандидатите за победа во Лигата на шампионите, но ние сме решени да победиме на секој натпревар. Мојот тим никогаш нема да се откаже. Очекуваме бодови од дуелот со италијанскиот првак. Без оглед што го имаат и Роналдо ние не се плашиме. Стравот не е најдобрата емоција во подготовката за овој тежок меч, истакна Марселињо.

Натпреварот на „Местаља“ се игра вечер од 21 часот.

На другиот дуел од групата – Х во првото коло во Лигата на шампионите, Јанг Бојс го пречекува Манчестер Јунајтед.