Валенсија и Рома со очекувани победи во ЛШ


Валенсија забележа очекувана домашна победа од 3: 1 против Јанг Бојс на натпревар од четвртата рунда од групата „Х“ од Лигата на шампионите.

 Санти Мина постигна два гола за „лилјаците“, а Солер додаде еден, додека гостите реализираа Асале. Јанг Бојс остана со човек помалку во 77 минута, што целосно го предреши мечот.
Со трите бода денес, Валенсија го става Манчестер Јунајтед под сериозен притисок, кој вечерва игра со лидерот на Јувентус.
„Црвените Ѓаволи“ заостануваат со бод од Валенсија на третото место, а во последниот круг одат во посета на „Местаља“.
Рома пак оствари гостинска победа кај ЦСКА во Москва во натпревар од групата „Г“.
Манолас им донесе предност на Италијанците, но ЦСКА изедначи преку Сигурдсон во 50-тата минута. Само шест минути подоцна, Магнусон беше испратен во соблекувалните за втор жолт картон и ЦСКА остана со играч помалку.
Три минути подоцна, Пелегрини го оформи конечниот резултат од 2:1, со кој „волците“ имаат три бода пред Реал пред натпреварот на „белите“ со Викторија Плзен.