Валверде: Мораме да му помогнеме на Дембеле


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, изјави дека каталонците треба да најдат начин да му помогнат на Усман Дембеле. Младиот напаѓач има проблеми со дисциплината, а во последно време има и гласини дека наскоро ќе го напушти „Камп Ноу“.
– Дембеле е еден од играчите во Барселона и ние треба да му помогнеме да го покаже своето најдобро лице. Тој има прекрасен вроден талент. Јас зборувам и од техничка гледна точка и чисто физички, рече Валверде, цитиран од „Мундо депортиво“.
Во меѓувреме, поранешниот играч на Барселона, Ривалдо изјави дека однесувањето на Дембеле, навестувало дека сака да го напушти клубот.
Дваесет и едно-годишниот напаѓач стана дел од Барселона во сезоната 2017/18. За него Барса плати 105 милиони евра на Дортмунд.