Буфон ќе се пензионира по крајот на сезоната!?


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по повлекувањето од активната играчка кариера ќе преземе функција во италијанската репрезентација.

Како што наведуваат италијанските медиуми тој ќе се пензионира на крајот од сезоната, иако официјално тоа се уште не е потврдено.

Голманот најверојатно последниот натпревар во дресот на Италија ќе го одигра на четврти јуни против Холандија во Торино.

Според италијанските медиуми на Буфон му било понудено да стане функционер на Јувентус, но тој изразил желба да биде ангажиран во италијанската репрезентација. Таму неговата функција не би била симболична, туку би бил тим-менаџер.

Деталите за оваа соработка не се прецизно договорени, бидејќи се чека да заврши изборот на селектор.

Засега најблиску до клупата на Италија е Роберто Манчини.