Буфон се соочува со суспензија и во Серија А


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, поради жестоката реакција и навредите кон судијата Мајкл Оливер може да добие суспензија и за натпреварите од италијанската Серија А, објави весникот „Газето дела спорт“.

Причина за ваквото однесување на легендарниот голман беше пеналот кој Оливер го досуди во продолженијата на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Буфон изнесе серија навреди на сметка на судијата, а поради неговото заминување во пензија суспензијата на европските натпреварувања нема да ја издржува.

Меѓутоа, според „Газето дела спорт“ казната може да се префрли и на италијанското првенство, притоа голманот да добие временска суспернзија, а не по број на натпревари.

Буфон го нарече Оливер „животно“, „човек без срце“ и „човек, кој наместо срце има канта за ѓубре“.