Буфон: Знаеме како против Реал Мадрид


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека неговиот тим ќе се бори до крај против Реал Мадрид за кого смета дека го има најдобриот состав на светот.

-Ќе се обидеме да ја искористиме секоја укажана шанса. Знаеме дека не очекува пресметка со најдобриот тим на светот. Знаеме како да се носиме со ривали на ова ниво. Не кажува само од куртоазија дека се најдобри. Тоа го покажува статистиката, историјата, нивниот учинок. Зар некој се сомнева во тоа. Имаат три трофеи во Лигата на шампионите последните четири години, изјави Буфон.

Легендарниот италијански голман додава дека освојувањето на Лигата на шампионите е негов и сон на тимот.

-Реал е посилен, но Јувентус треба да биде амбициозен. Знаеме како да освоиме трофеи, а нашата цел е да се бориме до последната минута.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите е закажан за утревечер од 20:45 часот во Торино.