Буфон за Оливер: Би ги повторил зборовите, но на поинаков начин


Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон даде интервју за „Италија 1“, во кое ги правдаше зборовите кои ги рече на сметка на англискиот судија Мајкл Оливер, додавајќи дека би ги повторил, но на доста поинаков начин.

Денови по дуелот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, решен со пенал во крајот на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, Буфон повторно ја објасни ситуацијата околу оспоруваниот пенал.

– Не морам да се извинувам, бидејќи јас сум личност која вложува многу емоции, чувства и гнев. Најдов начин да ги искажам моите мисли – понекогаш правилно, понекогаш не, но јас сум таков. Јас сум Џиџи Буфон. Го кажав тоа што го мислам. Судијата не мораше да досуди пенал. Арбитер со повеќе искуство не би го направил тоа, станувајќи главен играч во натпреварот. Поискусен судијата ќе ја одминепе ситуацијата, ќе се обратеше до страничниот судија и ќе оставеше екипите да играат продолженија, изјави Џиџи.

Буфон вели дека тој не трврди дека немало пенал од Бенатиа против Васкез, туку дека целата ситуација била контроверзна.

– Ова е ситуација каде што не може да се каже дали имало пенал. Не велам дека тоа не е пенал. Велам дека ситуацијата беше контроверзна. Не може да се очекува од мене мирно да го преживувам спортот. Она што го кажав имаше своја логика и повторно би ги повторил зборовите, но на друг начин, заклучи Буфон.

Голманот сепак вели дека повеќе не е лут на тоа што се случило, но дека жали бидејќи „бјанконерите“ можеа да испишат историја за цела Италија.

– Сега работите завршија и повеќе не сум лут. Нормално, по таква борба, некој се чувствува лошо. Но, не и од резултатот. Тоа беше борба која нема да се повтори. Можевме да напишеме историја за Јувентус и цела Италија. Нашата победа би била поврзана со онаа на Рома. Тоа би било нешто неверојатно, нешто лудо, додаде голманот.