Бурата Ана остави делови од Франција без струја


Околу 36.000 куќи во Франција и натаму се без електрична енергија по бурата Ана која ја погоди земјата.

Институцијата Енедис, која е задолжена за одржување на електричната мрежа, соопшти дека повеќе од 1.500 работници работат на поправка на мрежата.

Силните ветрови и обилниот дожд направија штета во голем дел од земјата, а најмногу е погоден северниот дел на Франција, каде што најмалку 20.000 куќи се без струја.

Француската метеоролошка служба Метео Франс најави дека невремето наскоро ќе прекине, но предупреди на висок ризик од лавини на јужниот дел од Алпите.