Бундеслига: Борусија Д. од 4:0 на полувреме до 4:4 на крај


На фудбалерите на Борусија Дортмунд не им беа доволни ниту четири гола предност да го совладаат составот на Шалке. Дуелот од 13. коло меѓу Борусија Дортмунд и Шалке го оправда приматот на дерби на колоtо во Бундеслигата, а заврши со осум постигнати голови и без победник 4:4.
Популарните „милионери“ во првото полувреме имаа водство од 4:0. Серијата ја отвори Пјер Емерик Обамејанг во 12.минута, само шест минути подоцна Бенжамин Стамбули постигна автогол. Веќе во 20-тата беше 3:0 за Борусија, по акцијата на  Обамејанг голот го постигна Марио Геце. Фуриозниот старт домашните фудбалери го крунисаа со нов гол во 25. минута кога Рафаел Гереиро за 4:0 за Борусија.
Во второто полувреме гостите од Гелзенкирхен постигнаа четири гола. Најнапред Гвидо Бургсталер (61. минута) намали на 1:4, а Амин Арит четири минути подоцна го постигна вториот гол. Третиот погодок за Шалке го постигна Даниел Калигури (86), а четвртиот беше дело на Налдо во петтата минута од судиското дополнение (90+5).
Со по еден освоен бод, двете екипи останаа на позициите кои ги имаа и пред овој меч. Шалке е трет со 24 бодови, а Борусија четврта со 21, колку што има и тимот од Менхенгладбах.

Бундеслига, 13 коло

Борусија М. – Баерн М. 2:1

Лајпциг – Вердер 2:0

Фрајбург – Мајнц 2:1

Ајнтрахт – Баер Л. 0:1

Борусија Д. – Шалке 4:4

Аугсбург – Волфсбург 2:1

Хановер – Штутгарт 1:1

Недела

Хамбургер – Хофенхајм

Келн – Херта

Табела: Баерн М. 29, Лајпциг 26, Шалке 24, Борусија М. 24, Борусија Д 21, Баер Л. 20, Хофенхајм 20 (-1), Аугсбург 19, итн.