Бугарската компанија Енекод излезе од доверителите на Фени


Бугарската компанија Енекод излезе од листата на доверители на Фени Индустри со исплатување на вкупните побарувања откако и таа го продаде своето побарување на Еуроникел, подружница на швајцарски ГСОЛ.

Во моментов, најголем инвеститор во Фени Индустри останува ГСОЛ со своето локално претставништво ЕуроНикел кој со отворањето на стечајната постапка ги откупи сите побарувања и стана единствен доверител. Исто така, оваа компанија стана и закупец на комбинатот во периодот додека да се оконча стечајната постапка со цел да се спречи понатамошно напластување на долговите и Фени побрзо да се врати во оперативен, производен модул.

До скоро време Енекод исто така најавуваше дека има намери да го преземе Фени, но откако од трите банки доверители им беше даден услов да се платат платите на вработените, Енекод со писмо ги извести дека не се во можност да ја направат исплатата.