Бритни Спирс ги одложи концертите заради болеста на татко ѝ


САД– Поп-ѕвездата Бритни Спирс ги одложи концертите во Лас Вегас и другите планирани обврски за да се фокусира на здравјето на нејзиниот татко. Оваа информација ја сподели со медиумите портпаролката на Бритни.

Спирс требаше да започне нова серија концерти во Лас Вегас на 13 февруари и да пее до август.

Портпаролката на Спирс додаде дека нејзиниот татко поминал 28 дена во болница во Лас Вегас, откако го оперирал дебелото црево, а сега се опоравува дома. Се очекува да биде добро, ја пренесуваат изјавата медиумите.