Бритни Луис: Дејвид Коперфилд ме дрогираше и ме силуваше


Американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд е обвинет за сексуално злоставување.

Обвинението е  од поранешниот британски модел Бритни Луис која тврди дека кога имала 17 години, во 1988 година од страна на Коперфилд била дрогирана и сексуално злоупотребена.

Луис додаде дека таа година добила повик од Коперфилд да биде гостин во неговото шоу во Калифорнија, каде што бил судија во  натпреварот во кој таа учествувала. Тој побарал дозвола од нејзината баба да патува со него поради шоуто.

Таа истакнува дека Коперфилд ја однел во трговски центар, и ја претставувал на својот тим држејќи ја за раката. Како што додава таа јасно му ставила на знаење дека не е заинтересирана за врска со него.

По шоуто отишле во бар каде што таа тврди дека Коперфилд и ставил нешто во пијалокот, а на остатокот од вечерта и дека не се сеќава, освен дека Коперфилд лежел врз неа и се обидувал да и ја соблече облеката, ја бакнувал по лицето, и осетила дека се спушта надоле, а потоа се и се стемнило.

Наводно Коперфилд рано утрото кога се освестила ја убедувал дека ништо не се случило затоа што е малолетна.

Таа додава и дека ја натерал да напише писмо во кое што ќе објасни дека се било во ред и ништо не се случило.

Коперфилд сеуште не се огласил по повод ова обвинение.

Според податоците на Форбс, Коперфилд е комерцијално најуспешниот илузионист чие што богатство изнесува 850 милиони долари