Британскиот Дом на лордови бара прием на Македoнија во НАТО и без решение за името


Британскиот Дом на лордови бара од Владата во Лондон да се заложи Македонија да стане членка на НАТО без оглед на тоа дали ќе биде решено прашањето за името.

Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите усвоен во декември лани, а објавен на 10 јануари годинава, се наведува дека Македонија треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса заради мир и стабилност на регионот.

Пристапувањето на земјата во НАТО не треба да зависи од решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје, пишува во документот.