Брисел бара извинување од Хант што ја спореди ЕУ со Советскиот Сојуз


Лидерите во Европскиот парламент денеска побараа извинување од британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант откако Европската унија ја спореди со Советскиот Сојуз.

Хант изминатиот викенд рече дека ЕУ не би требало да се обидува да спречи лесен излез на Велика Британија затоа што „Советскиот Сојуз бил тој кој ги спречувал луѓето да си одат“.

Лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер рече дека Хант „би требало да се извини за своите зборови“.

Лидерот на либералите Ги Верхофстат пред европратениците изјави дека Хант не ги навредил нив туку „милиони обични граѓани кои толку долго живееле под советска власт“.

Хант на конгресот на британската Конзервативна партија во Бирмингем ја предупреди ЕУ и да не се обидува да го „одржи клубот заедно“ со казнување на еден член кој си заминува со економска пропаст, па дури и со уништивање на територијалниот интегритет.

Тој укажа на „лекција од истријата“, предупредувајќи дека неговата земја „нема да биде единствен затвореник кој ќе сака да избега“ ако блокот се претвори во затвор.

По оваа изјава, Европската комисија му препорача на британскиот министер за надворешни работи понекогаш да прочита учебник по историја.

– На сите би ни било од полза, а особено на министрите за надворешни работи, кога од време на време би отвориле учебници по историја. Тоа е се што можам да кажам, изјави портпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас коментирајќи ја изјавата на Хант.