Брегзит ќе ја уништи економијата: Една третина од фирмите сакаат да се преселат


Речиси една третина од 1.200 анкетирани британски компании имаат план или размислуваат да се преселат во странство поради Брегзит.
Ова се резултатите од истражувањето на една бизнис-организација во Лондон.
Дури 16 отсто од компаниите веќе имаат план за раселување, а дополнителни 13 проценти активно го разгледуваат тоа, покажува истражувањето на „Институтот на директори“ (ИОД).

Од овој институт велат дека ова се „загрижувачки показатели”. Портпаролката на британската влада рече дека Брегзи е „најдобриот начин да се постигне договор” за да се обезбеди сигурност за компаниите и поединците. Иако постојат голем број на големи компании кои веќе го префрлија својот бизнис, малите фирми размислуваат двапати повеќе, покажуваат резултатите од истражувањето.