“Браќа Манаки”: Олимпиа Митилинау – претседателка на меѓународното жири


Олимпиа Митилинау, кинематограферка од Грција, е претседателка на меѓународното жири кое ќе ја вреднува работата на кинематограферите во главната селекција на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што од 22 до 29 септември ќе се одржи во Битола.

Како што соопштија од фестивалот, таа заедно со членовите Рејнер Клаусман, кинематографер од Швајцарија, македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, кинематограферот од Данска Матиас Троелструп, како и Ребека Фајад Палуд, филмски агент од Франција ќе одлучуваат за добитниците на престижната награда Златната, Сребрена и Бронзена камера 300.

Годинава, фестивалот ќе одбележи и два филмски јубилеи: 100 години од раѓањето на големиот Ингмар Бергман, еден од најдобрите режисери на сите времиња и 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“, во организација на Кинотеката на Македонија.