Брајан Фери распродаден во Скопје


Концертот на американската поп-ѕвезда Брајан Фери во Скопје е распродаден. Концертот е закажан в недела во Македонската филхармонија, во организација на „Авалон продукција“. На Брајан се сеќаваме  по неговите сентиши, белите заби, белите кошули и чудните гримаси со устата.

На сцената ќе биде придружуван со 12 музичари.

700 влезници беа пуштени во продажба од 20 април, по цена од 100 евра.

Ова е втор концерт на Фери во Македонија. Имаше концерт во Охрид во 2006 година, во организација на „Авалон продукција“.

Брајан фери (72) ја почна кариерата во 1973 година како член на „Рокси мјузик“. Ја стекнува светската слава во 1982 година со албумот „Авалон“,  а во текот на кариерата има продадено над 30 милиони албуми, колку што тежи во долари.

По аферата со манекенката Џери Хол, која му раскина заради Мик Џегер, Фери зад себе има два брака и четири деца.

Годинава, „Рокси мјузик“ го издаде делукс изданието на деби-албумот на групата, во чест на 45-годишниот јубилеј.