Братот на Погба: Ако си замине од Јунајтед, тој би играл само за два тима


Братот на Пог Погба – Флорентин зборуваше за иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед. Актуелниот играч на Елче смета дека неговиот брат би играл само во Реал Мадрид или Барселона, ако некогаш го напушти „Олд Трафорд“.

– Ако Пол го напушти Јунајтед, тој може да оди само во два тима – Реал или Барса. И на двајцата ни се допаѓа стилот „тики-така“, долгото поседување на топката. Кога тој беше во Јувентус, во 2016-та, Пол можеше да отиде во Барселона. Но, сепак тој сакаше да се врати во Манчестер, изјави Флорентин.

Тој зборуваше и за лошата врска меѓу поранешниот веќе менаџер на Јунајтед – Жозе Мурињо, со Погба.

– Заминувањето на Мурињо беше важно. Пол не беше среќен со неговото присуство. Работите се подобрија со Солскјер, вели братот на ѕвездата на „црвените ѓаволи“.

Откако Норвежанецот е на чело на Јунајтед, Пол Погба ја промени целосно формата на теренот. За 6 дуели во кој Французинот беше на теренот, тој постигна 5 гола и направил 4 асистенции.